ВИДЕО: Емотивно простување на последниот клуб на Марадона

Речиси и да нема фудбалски клуб кој не му оддаде почит и се прости од еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Диего Армандо Марадона кој почина пред 10 дена.
Сега на ред тоа да го стори и Гимназија Ла Плата, последиот клуб кој Марадона го предводеше како тренер.
Натпреварот од аргентинскиот шампионат против Хуракан беше специјален за играчите на Гимназија бидејќи ова беше прв натпревар кој го играат на домашен терен откако почина Марадона.

Поради тоа, во пресрет на натпреватот со емотивна церемонија Гимназија Ла Плата се прости од Марадона.

На разгласот одекнуваше „Оле, Оле, Диего, Диего“, а потоа фудбалерите на двете екипи застанаа на средината на теренот, додека на самиот центар беше столчето на Марадона, на која потоа ставаа цвеќе.

 

На натпреварот присуствуваа и ќерките на Диего Марадона, Далма и Џанина кои по церемонијата добија дресови слични на тие со кои настапуваа аргентинските репрезентативци на натпреварот против Англија на СП 1985 година, на која нивнио татко ги постигна двата најпознати гола во историјата на фудбалот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот