ВИДЕО | Емотивна приказна: Мајка и ќерка се сретнале за првпат по 80 години

мајка
Моменти од средбата на Герда Кол со нејзината ќерка / Фото: Принтскрин/Јутјуб

Герда Кол го добила најпосебниот подарок што можела да го побара на својот 98-ми роденден – можноста повторно да се соедини со својата ќерка за првпат по 80 години.

Како млада бегалка со еврејско потекло, Кол побегнала од Австрија во 1939 година во Англија на почетокот на Втората светска војна. Неколку години подоцна, таа станала мајка на 18-годишна возраст. Ограниченото образование и економските потешкотии не ѝ оставиле друг избор освен да ја предаде новородената ќерка на посвојување.

Иако никогаш повеќе не ѝ било дозволено да стапи во контакт со своето дете, Кол продолжила да живее исполнет живот. Се преселила во Канада, се стекнала со неколку дипломи и патувала низ светот.

Во меѓувреме ќерката на Кол, Соња Грист речиси и да немала информации за нејзината биолошка мајка и верувала дека таа е мртва.

Синот на Грист, Стивен ги споил

„Дознав дека Герда, биолошката мајка на мајка ми, има посинок и го контактирав на „Фејсбук“: „Ми недостасува уште една информација. Ми треба само потврдата за смртта на Герда. Можеш ли да ми помогнеш со тоа? И тој рече: „Нема да ја најдете потврдата бидејќи таа е сè уште жива и живее во дом за стари лица во Канада“. И си помислив: „О Боже! Мајката на мајка ми е сè уште жива и за некој ден ќе полни 98 години“, изјавил тој за „Торонто Сан“.

Стивен и Соња брзо отпатувале во Торонто и го нашле споменатиот дом за стари лица. На видеото споделено од „CBC News“ се гледа како мајката и ќерката споделуваат емотивна прегратка.

Што се однесува до мајчинските совети, Кол споделила една голема мудрост со својата ќерка.

„Не чекај утре бидејќи може да биде предоцна, ако сакаш да живееш, живеј сега, а не утре или задутре“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот