ВИДЕО | Емотивен момент: Костакурта се расплака кога Ибрахимовиќ го сруши неговиот рекорд

Ибрахимовиќ во вчерашниот натпревар беше стрелецот на единствениот гол за Милан во поразот на „росонерите“ од 3:1 против Удинезе.

Голот од пенал кој го постигна Швеѓанецот имаше големо значење затоа што со него Ибрахимовиќ го сруши рекордот на легендарниот Алесандро Костакурта.

Моментот кога Ибра го сруши рекродот, Костакурта го проследи од студиото на „Скај Спорт“. Емоциите кај него едноставно беа преголеми, па не можеше да ги задржи солзите. Интересно е што Костакурта рекордот во 2007 го постави токму против Удинезе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот