ВИДЕО | Ембид постави рекорд, Чикаго стави крај на серијата на Филаделфија

Фото: Chicago Bulls

Тимот на Чикаго изминатата вечер славеше против Филаделфија со 109:105 по две продолженија и така беше ставен крај на серијата на Сикерси од осум победи во низа.

Главнито фаворит за МВП наградата во овој момент, Џоел Ембид не го доигра натпреварот поради лична грешка и мораше да го напушти теренот на 3:54 пред крајот на второто продолжение. Веднаш можеше да се забележи дека без него на теренот Филаделфија не е истиот тим.

Натпреварот Ембид го заврши со 37 поени, 16 скока и три блокади. Со овој учинок тој постави рекорд станувајќи првиот кошаркар на Филаделфија кој на 10 натпревари во низа постигнал 30 или повеќе поени.

Во редовите на победничкиот тим, Лавин постигна 26 поени и додаде седум асистенции, додека Вучевиќ запиша дабл-дабл со 21 поен и 12 скока. Чикаго се уште се надева на место во плеј-офот и во овој момент е на 10-тата позиција со 34 победи и 37 порази. Филаделфија е трета зад Бостон и Милвоки.

НБА РЕЗУЛТАТИ:  Шарлот – Индијана 115-109, Филаделфија – Чикаго 105-109, Њујорк – Минесота 134-140, Хјустон – Голден стејт 108-121, Мемфис – Далас 112-108, Јута – Сакраменто 128-120.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот