ВИДЕО: Елмас најавува одлична сезона, повторно постигна гол за Наполи

елиф елмас
Елиф Елмас еден од клучните фудбалери на Наполи/Неапол, Италија/Фото: EPA-EFE/CESARE ABBATE

Екипата на Наполи ги продолжуна подготовките пред стартот на новата сезона во Серија А, а од досега прикажаното македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ќе има важна улога во играта на тимот од Неапол.

Новиот тренер на Наполи, Лучанхо Спалети има голема доверба во квалитетите на Елмас за разлика од Џенаро Гатузо кој седеше на клупата минатата сезона, а македонскиот репрезентативец враќа со добри игри и голови.
Наполи денеска со 2:1 го совлада Асколи, а Елмас беше стрелец на победничкиот гол и тоа само една минута подоцна откако влезе во игра.

Победничкиот гол Елмас го постигна во 62. минута. Претходно, Наполи поведе со голот на Инсиње во седмата минута, додека Асколи изрмани преку Бидауи во 25 минута.

 

Видео на денот