ВИДЕО: Елмас и Наполи во трка за ЛШ, Јуве сигурен со Пандев и Џенова!

epa09129007 Napoli?s Victor Osimhen (2-L) celebrates with teammates after scoring the 0-2 goal during the Italian Serie A soccer match UC Sampdoria vs SSC Napoli at Luigi Ferraris stadium in Genoa, Italy, 11 April 2021. EPA-EFE/SIMONE ARVEDA

Нови натпревари од 30 коло во најсилното италијанско првенство, актуелниот шампион Јувентус на домашен терен со 3:1 триумфираше над Џенова.

За гостите стартер беше македонскиот репрезентивец Горан Пандев, а во 63 минута беше заменет од Шомуродов. По првите 45 минута водеше „Старата дама“ со головите на Кулушевски и Мората, на стартот од вториот дел намали Скамака, а конечниот епилог го постави МекКени.

Наполи останува во трка за првите четири позиции кои водат во групите на Лигата на шампионите наредната сезона.

Составот на Гатузо славеше на гостувањето кај Сампдорија со 0:2, во листата на стрелците се запишаа Руиз (35`) и Осимхен (87`). Елиф Елмас настапи во самиот финиш, односно во 90 минута влезе на теренот заменувајќи го Инсиње.

Лацио дојде и до четвртата победа по ред, во судиското надополнување од вториот дел Милинковиќ-Савиќ му донесе радост на својот клуб против Верона (0:1). Табела: Интер 74 бодови, Милан 63, Јувентус 62, Наполи 59, Аталанта 58, Лацио 55, Рома, 51…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот