ВИДЕО: Елмас и Наполи му одржаа лекција на Баерн

EPA-EFE/CESARE ABBATE

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас ги одигра сите 90 минути во победата на неговиот Наполи од 3:0 против Баерн Минхен.

Според прикажана игра на дуелот со Баерн, но и на претходните натпревари, се очекува Елмас да има далеку поважна улога играта на Наполи кој во новата сезона ќе го предводи Лучано Спалети.

Во првото полувреме немаше голови, но Наполи во вториот дел го искористи тоа што тренерот на баварците, Јулијан Нагелсман, ги извади од игра речиси сите стартери и шанса им даде на  младите фудбалери. Виктор Осимен за неполни две минути постигна два гола, а победата ја завери Машах во финишот од средбата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот