ВИДЕО: Елмас и Наполи ја запреа победничката серија на Интер

epa09144247 Napoli's Mario Rui (R) and Inter's Nicolo Barella (C) in action during the Italian Serie A soccer match between SSC Napoli and Inter Milan at Diego Armando Maradona stadium in Naples, Italy, 18 April 2021. EPA-EFE/CIRO FUSCO

Второто дерби во 31. коло во италијанската Серија А помеѓу Наполи и Интер заврши без победник 1:1. Со ремито во Неапол, заврши неверојатната серија на Интер од девет победи по ред во Серија А.
Натпреварот помина во изедначена игра на двете екипи, а Наполи кој имаше нешто поголемн посед на топката, прв дојде до водство. Се играше 36. минута кога од беше упатен центаршут од десната страна, а голманот на Интер, Хандановиќ неспретно ја испушти топката која се одби де Де Фрај и на крајот заврши во мрежата на „нераѕурите“. Интер израмни во 55. Минута преку Кристија Ериксен кој со шут од 16-тина метри го совлада Мерет.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби шанса во самиот финиш, влезе во игра во 88. минута. Интер е лидер во Серија А со 75 бодови, девет повеќе од Милан, додека Наполи е на петтата позиција со 60 бодови, два помалку од Јувентус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот