ВИДЕО: Елмас и Наполи елиминирани од Лигата на Европа

epa09036475 Granada?s head coach Diego Martinez gestures during the UEFA Europa League round of 32 second leg soccer match SSC Napoli vs Granada at Maradona stadium in Naples, Italy, 25 February 2021. EPA-EFE/CIRO FUSCO

Екипата на Наполи за која 60-тина минути одигра и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас иако ја совлада Гранада со 2:1 ги заврши настапите во Лигата на Европа. Во првиот натпревар од 1/16-финалето славеше Гранада 2:0, а елиминацијата на Наполи, најверојатно ќе значи и отказ за тренерот Џенаро Гатузо.


Наполи одлично го отвори натпреварот, Зјелински во третата минута му донесе водство на италијанскиот тим, но 20. минути подоцна Монторо израмни на 1:1. Во второто полувреме, Наполи поведе со голот на Руиз, но немаше сили да постигне уште два гола и се прости од ЛЕ.


Навивачите на Арсенал го слават Пјер-Емерик Обамејанг кој со голот во 87. минута ги однесе „топчиите“ во осминафиналето. Арсенал со 3:2 ја совлада Бенфика во реваншот и со вкупни 4:3 оди во следната рунда. Обамејанг го отвори резултатот со голот во 21. минута, а Бенфика направи пресврт со головите на Гонкалвез и Силва. Сепак, пласманот на „топчиите“ во осминафиналето го обезбедија Киран Тирни со голот во 67. минута и Обамејанг во 87. минута.

Најголемото изненадување го направи Молде кој со 0:2 славеше на гостувањето кај Хофенхајм и со вкупен резултат 3:5 оди во следната рунда.

Резултати:
Ајакс – Лил 2:1
Арсенал – Бенфика 3:2
Хофенхајм – Молде 0:2
Наполи – Гранада 2:1
Ренџерс – Антверпен 5:2
Шахтјор – Макаби Тел Авив 1:0
Виљареал – Салцбург 2:1

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот