ВИДЕО: Елмас го доби македонскиот дуел, ВАР му поништи гол на Пандев

Втора победа по ред сезонава во шампионатот за „наполитанците“/Фото: EPA-EFE/SIMONE ARVEDA

Денеска во второто коло од најсилнот италијанско првенство на стадионот „Луиџи Ферарис“ составот на Наполи славеше против Џенова со 1:2.

После првото полувреме водеа „наполитанците“ со погодокот на Руиз во 39 минута после асистенцијата на Политано.

Кај домаќините поранешниот македонски репрезентативец Горан Пандев (како замена за Хернани) го одигра целото второ полувреме.

Нашиот напаѓач постигна гол во 54 минута, но после прегледувањето на ВАР снимката, главниот судија го поништи истиот поради прекршок. Израмнувањето сепак дојде во 69 минута, а за тоа се погрижи Камбијасо по додавањето на Гилионе.

Конечниот епилог беше поставен во 84 минута кога Руи изведе слободен удар, а со глава Петања (само 120 секунди од неговото влегување на теренот) стрелаше за втор триумф на клубот од „Диего Армандо Марадона“ сезонава во Серија А. Елиф Елмас кај гостите беше стартер и настапи до самиот финиш (90+2`) кога беше заменет од Гаетано.

На табелата првото место го делат три екипи со по шест бодови, Лацио, Интер и Наполи, а Џенова е на претпоследната позиција без бодови. Во следното коло на 12 септември, после репрезентативните обврски, Елмас и Наполи ќе го пречекаат Јувентус, а Пандев и Џенова првите бодови во првенството ќе ги бараат истиот ден на гостински терен против Каљари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот