ВИДЕО | Елмас: Да бидеме паметни и со многу жар во играта против Ерменија

Елиф Елмас најавува дека Македонија оди на победа во Ереван/Фото: ФФМ

Македонската А репрезентација ги продолжува подготовките за двата последни натпревари од квалификациите за СП 2023 против Ерменија (11. ноември) и Исланд (14. ноември).

Репрезентативецот Елиф Елмас и играч на Наполи вели дека на гостувањето во Ерменија одиме да победиме.

– Во Ерменија одиме да победиме. Иако не зависи сè од нас, сè уште имаме шанса за второто место и тоа треба да го бркаме до крај. Да бидеме паметни и со многу жар во играта – вели Елмас.

Моментно во квалификациската група „Ј“ лидер е Германија со 21 бод која веќе си обезбеди место на Мундијалот, а за баражот се борат второпласираната Романија која има 13, а Македонија и Ерменија со по 12 бодови, а во трката е и Исланд на петтата позиција со осум бодови. Последнопласиран е Лихтенштајн со еден бод.

Македонија може да дојде до второто место со евентуално две победи, а Романија не триумфира на дуелите со Исланд Лихтенштајн.

Миовски: Можеме да освоиме шест бода во дуелите со Ерменија и Исланд

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот