ВИДЕО: Елмас асистираше за триумф на Наполи, без минутажа за Несторовски!

epa09113403 Napoli's defender Giovanni Di Lorenzo (2-R) jubilates with his teammate after scoring the 4-3 goal during the Italian Serie A soccer match SSC Napoli vs FC Crotone at the Diego Armando Maradona stadium in Naples, Italy, 03 april 2021. EPA-EFE/CIRO FUSCO

Се одиграа уште седум натпревари во рамките од 29 коло во најсилното италијанско првенство, Удинезе загуби на гостувањето кај Аталанта, а Наполи со 4:3 триумфираше дома над Кротоне.

На дуелот во Бергамо во тимот на Удине беше македонскиот репрезентативец Илија Несторовски, но не настапи. Муриел ги постигна првите два гола за Аталанта, намали Перејра непосредно пред паузата. За 3:1 се погрижи Запата после асистенцијата на Малиновски, а противникот само успеа да го ублажи поразот (71`, Стригер Ларсен).

Наполи потешко од очекувањата дојде до бодовите, водеша со 2:0 преку Инсиње и Осимхен, намали Кротоне во 25 минута (Сими), а во 34 минута за домаќинот стрелаше Мертенс.

Во вториот дел следуваа два гола на гостите, Сими одново се запиша во листата на стрелците, израмни Месиас, а триумфот за составот на Гатузо го донесе Ди Лоренцо после асистенцијата на Елиф Елмас во 72 минута. Нашиот играч настапи од 62 минута како замена за Бакајоко.

Во составот на Џенова и ремито против Фиорентина (1:1) не беше Горан Пандев кој во изминатиот период заедно со Елмас и Несторовски беа со обврски во националната А репрезентација.

Во другите натпревари од рундата: Беневенто-Парма 2:2, Каљари-Верона 0:2, Лацио-Специја 2:1 и Сасуоло-Рома 2:2. На табелата Наполи е на четвртото место со 56 бодови, Удинезе е на 12 позиција со 33, еден повеќе од Џенова на 13 место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот