ВИДЕО: „Ел Тигре“ Фалкао ја урна Барселона, Димитриевски му одбрани пенал на Депај

Фалкао им „пресуди“ на Каталонците, голема победа на Рајо Ваљекано во „Ла Лига“/Мадрид, Шпанија/27 октомври 2021/Фото: EPA-EFE/Javier Lizon

Денеска во 11 коло од најквалитетната шпанска „Ла Лига“ екипата на Рајо Ваљекано на домашен терен приреди изненадување совладувајќи ја Барселона со 1:0.

Стрелец на единствениот гол за домаќините го постигна колумбискиот интернационалец Радамел Фалкао во 30 минута.

Каталонците имаа шанса да дојдат до бод на овој меч, во 72 минута Депај шутираше пенал, но неговиот удар го одбрани македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски.

Благодарение на нашиот чувар на мрежата Рајо стигна до шестата победа сезонава за моментно петто место со 19 бодови, два помалку од водечката Севиља.

Барса која го претрпе третиот пораз (втор по ред) се наоѓа на деветтото место со 15 бодови. Се одигра уште еден меч, Мајорка пред своите навивачи ремизираше 1:1 со Севиља.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот