ВИДЕО: Екваторијална Гвинеја за полуфинале против Сенегал во Африканскиот куп на нации

Репрезентацијата на Екваторијална Гвинеја се пласираше во четвртфиналето во Африканскиот куп на нации со победата над Мали после изведувањето на пенал серијата.
Немаше голови после 120 минути игра на теренот во Лимбе, а на пенали Екваторијална Гвинеја славеше со 6:5.
Кај составот на Мали непрецизни од белата точка беше Хаидара, Траоре и Сако, а на спротивната страна неуспешни беа Нсуе и Ганет.
Во четвртфиналната фаза фудбалерите на Екваторијална Гвинеја ќе ги одмерат силите против селекцијата на Сенегал.
Куп на Африкански нации
Четвртфинале, двојки –
29 јануари Буркина Фасо – Тунис
30 јануари Сенегал – Екваторијална Гвинеја
29 јануари Гамбија – Камерун
30 јануари Египет – Мароко
Видео на денот