ВИДЕО: Експлозија во Алжир, најмалку 10 мртви

Фото Јутуб скриншот

Најмалку 10 лица загинаа во експлозија во станбена зграда во алжирската провинција Борџ Бу Арериџ, соопшти денеска алжирската служба за цивилна одбрана.
Во експлозијата се повредени уште 16 лица, а се верува дека била предизвикана од истекување гас. Од силината на експлозијата подоцна дошло до уривање на зградата, наведува локалната цивилна одбрана.

Сè уште не е познато колку лица имало во зградата вчера, во моментот на експлозијата.

Меѓу загинатите е и деветмесечно дете, објави алжирскиот весник „Енахаронлајн”.

Провинцијата Борџ Бу Арериџ се наоѓа на околу 250 километри источно од главниот град на Алжир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот