ВИДЕО | Експлозија и пожар кај аеродромот Хитроу во Англија

ФOTO: Твитер

Околу лондонскиот аеродром Хитроу се шири голем пожар во околните дворови, по „големата детонација што личеше на бомба или експлозија”, пренесува лондонскиот весник „Мирор”.

Лондонскиот весник додава дека огромен облак од чад се крева на небото и се верува дека доаѓа од авион што слетал на Хитроу, додека пожарникарите предупредија дека пожарот се проширил на  градините на домовите на луѓето од населбата Фелтам.

Во меѓувреме патници од авион успеале да го снимат пожарот и да го постават видеото на социјалните мрежи.

Пожарот зафатил дрвја, жива ограда, грмушки, трева на бројни домаќинства на патот кај Фелтам.
Многумина кои живеат во близина на инцидентот изјавија дека слушнале силна експлозија, а еден очевидец дури кажа дека слушнал удар како „бомба или некој вид експлозија”.

Десет противпожарни возила и околу 70 пожарникари се на местото на пожарот во Херефорд Роуд, а досега се примени 44 повици за интервенција.

Градската полиција ги советува граѓаните да ја избегнуваат областа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот