ВИДЕО: Експлодира американска фабрика за чоколадо, има загинати и повредени

Двајца луѓе загинаа, а деветмина се водат како исчезнати по страотната експлозија која се случи во фабрика за производство на чоколади во американската сојузна држава Пенсилванија, јавува „Ен-би-си“.
Началникот на полицијата на округот Вејн Холбејн потврди дека има двајца загинати, деветмина исчезнати и неколку повредени во експлозијата во фабриката „Р.М. Палмер“ во истоимениот кварт.
NEW – Massive explosion reported in a factory that produces chocolate in Reading, Pennsylvania pic.twitter.com/wqyr9Kzh9r
— Insider Paper (@TheInsiderPaper) March 24, 2023
Експлозијата се случила вчера околу 17 часот по локално време, при што уништена е една зграда во фабричкиот комплекс, а оштетена е и соседната зграда.
„Се истражува причината за експлозијата“, рече Холбејн на прес-конференција.
Тој додаде дека нема понатамошна опасност, но ги повика граѓаните да ја избегнуваат зоната во радиус од 100 километри околу фабриката, која се наоѓа северозападно од Филаделфија.