ВИДЕО | Економските предизвици за време на пандемија и после ветото од Бугарија, разговор со Мирче Јовановски

Се наоѓаме во една специфична ситуација – последиците кои ги предизвика падемијата, дополнително и неуспехот да добиеме датум за преговори со ЕУ. Мислам дека нас не чека тешка и неизвесна 2021 година. И покрај тоа што владата вели дека буџетот е во добра кондиција, дека се обезбедени средства и за натамошно функционирање, мислам дека ветото кое го стави Бугарија за нашиот процес на евро-интеграции ќе има далекусежни економски последици, изјави во Утрински брифинг Мирче Јовановски, новинар, економски аналитичар.
-Она што јас го гледам како најголема опасност од потегот на Бугарија е евентуалното нарушување на кредитниот рејтинг на Македонија. Со овој дополнителен удар можно е кредитните агенции да го намалат кредитниот рејтинг, вели Јовановски.
Целот разговор со Јовановски погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот