ВИДЕО: Еколошка акција на 6 мај во Ѓорче Петров

За првпат во Општина Ѓорче Петров на 6 мај ќе се спроведе  еколошка  акција. Акцијата ќе се одвива на  неколку локации во општината, а градоначалникот Александар Стојкоски денеска во Утрински брифинg ги повика граѓаните активно  да земат учество во акцијата.

– Со задоволство се приклучивме на поканата на организацијата Мен анд маунтаин, со тоа што викендот  од 6 до 8 мај мај ќе го посветиме на екологијата. Во акцијата ќе бидат вклучени вработени  во  општинската администрација, училиштата и градинките но и сите граѓани кои ќе сакаат да дадат придонес за чиста животна средина. На шести мај акцијата ќе се одвива во  Јурија, Даме Груев, и во Хром, а на седми мај еколошката акција ќе се одвива во село Кучково, во месноста викана Крст, каде што во моментов се одвиват и градежни работи за разубвување на локалитетот, објаснува Стојкоски.

Тој признава дека во општината недостасуваат садови  за селектирање на отпадот но вели дека планирана   е соработка со Пакомак, кои се исто така вклучени во акцијата, за поставување на контејнери за рециклирање на  отпад во Ѓорче Петров.

На Советот  на Град Скопје минатата недела беше донесена одлука за меѓуопштинска соработка со што Ѓорче ПЕгров доби средства за реконструкција на 24 улици.

-Проектот ќе чини околу 25 милиони денари. Станува збор за многу важен проект за нашата општина. Ќе опфатиме голем дел од територијата на Ѓорче и како  што ветивме во кампањата до крајот на мојотмандат,  во Ѓорче Петров нема да има кал на улиците. За остварување на  таа цел,  одвоивме и дополнителни средства од Буџетот во вредност од околу 4,5 милиони денари за реконсттукција на  улици, нагласи Стојкоски.

Локалитетот Кучково кој изминатите години стана препознатлив по Манифестацијата по повод  први и втори мај „Војничко гравче“ трета година година по ред ќе ја изостави манифестацијата, овој пат не поради пандемијата, туку  поради градежните работи кои таму се одвиваат.

Градоначалникот на Ѓорче Петров  апелираше до граѓаните  со почит да се однесуваат кон јавните ресурси, особени детските игралишта, потсетувајќи дека истите се демолираат веднаш по нивната реконструкција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот