ВИДЕО | Eфикасен и вториот натпревар на Европското првенство: Швајцарија подобра од Унгарија

Фото. EPA-EFE/YOAN VALAT

По убедливата победа на домаќинот Германија против Шкотска (5:1) победа во групата „А“ денес забележа и Швајцарија која со 1:2 беше подобра од Унгарија.

Швајцарците до победата стигнаа благодарение на подобрата игра во првото полувреме кога постигнаа два гола.

Резултатот беше отворен по 12. минути игра кога Дуах ја погоди мрежата на Унгарците за 0:1. Предноста од 0:1 за Швајцарија беше актуелна се до завршницата од првиот дел кога Абишер зголеми на 0:2.

Беше подобар противник Швајцарија и во вториот дел, меѓутоа не успеа да постигне и трет гол. Со голот на Варга во 66. минута Унгарија намали на 1:2, но сепак сили за нешто повеќе немаше. Емболо во самата завршница ги постави конечните 1:3.

По првото коло во групата „А“, Германија и Швајцарија имаат по три бода, додека Унгарија и Шкотска се без бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот