ВИДЕО | Едноракиот кошаркар Хансел Емануел стана вистинска сензација во САД

фото: принтскрин/youtube.com/@CourtsideFilms

Името Хансел Емануел не е голема вест за луѓето кои со години ја следат колеџот и средношколската кошарка во САД. Сепак, се чини дека оваа година со својата игра успеа да го подигне своето име на сосема ново ниво.

Имено, станува збор за млад кошаркар на само 21 година, кој на пошироката јавност и е познат веќе неколку години бидејќи успеа да се пробие и да најде место за себе во легитимен колеџ кошаркарски тим.

Ова само по себе не би било импресивно да не беше момче кое има само една, десна, рака, додека левата отсуствува до надлактицата уште од раната младост.

Неговиот татко имаше извонредна кариера во доминиканската професионална кошаркарска лига, па мора да има добра генетика. На шестгодишна возраст, Емануел ја изгубил левата рака кога врз него се срушил ѕид, заглавен два часа, по што следуваше ампутација под рамото. Тој беше во болница околу шест месеци.

Сега, 15 години подоцна, тој игра за Остин Пирс и имаше просек од 21,3 минути во првите три натпревари и забележа пет поени, шест скока и скоро 86 проценти шут од поле.

Ако НБА лигата види можност во него, не треба да чуди да го видиме во развојниот тим, но гледајќи чисто во неговата игра, можеме да видиме борбено дете со многу строга и јасна улога.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот