ВИДЕО: Една жена загина, а по 10 лица се трага во свлечиштето на островот Искија, Италијаи

Свлечиште на италијанскиот остров Искија/Фото: EPA-EFE/CIRO FUSCO ITALY OUT

Една жена загина, а по десет лица се трага по лизгање на земјиштето предизвикано од обилните дождови на јужниот италијански остров Искија, соопшти локален претставник.

Силни и поројни дождови го погодија пристаништето Казамичиола Терме, еден од шесте мали градови на островот, рано во саботата, предизвикувајќи поплави и уривање на згради.

„Потврдена е смртта на едно лице, една жена. Пронајдени се осум исчезнати лица, меѓу кои и едно дете, а судбината на десет лица се уште не е позната“, изјави префектот на Неапол, Клаудио Паломба на прес-конференција.

Претходно, вицепремиерот и министер за инфраструктура Матео Салвини, исто така лидер на антиимигрантската партија Лига, им изјави на новинарите во Милано дека е потврдена смртта на осум лица во лизгање на земјиштето предизвикано од обилните дождови, што подоцна беше демантирано од министерот за внатрешни работи Матео Пиантедоси.

Седумдесет пожарникари работат на островoт оддалечен 30 километри од Неапол за да ги извлечат жителите од оштетените згради и да ги пронајдат исчезнатите лица, објави противпожарната бригада на Твитер.

Снимките покажуваат густа кал, остатоци и карпи во Казамичиола Терме. Неколку автомобили биле потопени долж брегот и очигледно биле фрлени во морето од невремето.

Казамичиола Терме, туристички град со 8.000 жители во зима, претрпе земјотрес во 2017 година во кој загинаа две лица, а во 1883 година градот беше срамнет со земја во многу силен земјотрес.

Искија е вулкански остров кој секоја година привлекува посетители со своите термални води и прекрасниот пејзаж. Тoj е густо населен и статистиката покажува дека многу куќи се изградени без одобрение за градба, поради што на жителите им се закануваат поплави, a има често и земјотреси.

Во 2006 година, од лизгање на земјиштето загинаа татко и неговите три ќерки.

Југот на Италија, каде што куќите често се градат незаконски со заобиколување на безбедносните прописи, е подложен на лизгање на земјиштето со фатални исходи.

Во 1998 година, најмалку 150 луѓе загинаа кога свлечиште го поплави селото Сарно, недалеку од Неапол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот