ВИДЕО: Една слика, 1000 зборови – две легенди, Пандев и Буфон!

Фото: Принтскрин/Twitter/ESPN FC

Заедно имаат вкупно 80 години, но и натаму се активни на терените ширум Италија и пошироко…

Горан Пандев за Џенова и голманот Џанлуиџи Буфон од редовите на Јувентус денеска уште еднаш ги одмерија силите во Серија А.

Потсетување дека „Старата дама“ славеше победа од 3:1, а нашиот играч беше стартер на дуелот во Торино.

Пред стартот на второто полувреме кемарите ги „уловија“ краткиот разговор помеѓи двете легенди, Пандев и Буфон.

Сите се прашуваат за што зборувале, а еден од коментаторите на овој меч имаше свое размислување: „Се прашувам за што зборуваат, кога ќе се пензионираш? Не, кога ти ќе се пензионираш?“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот