ВИДЕО | Единствени на овие простори: „Фанк шуи“ со свое шоу на реномираната конференција МОНДО

Фанк шуи МОНДО
Медиумскиот интерес околу „Фанк шуи“ само ја потврдува нивната уникатност и допадливост, карактер кој ненаметливо а со силен бран, го спојува и неспоивото во регионот / Фото: Скриншот, Јутјуб

Како единствени музичари од овие простори, еден од највпечатливите појави во музичкиот свет на Балканот, момците од македонската музичка група „Фанк шуи“ се појавија со свое шоу на реномираната њујоршка конференција за музика и технологија – МОНДО.

Во текот на 4 дена (11-14 октомври) оваа конференција се одржа во Вилијамсбург, Бруклин (Њујорк) која беше домаќин на исклучителен број музички професионалци во светот како и одбрана селекција на музички изведувачи кои во текот на вечерните часови настапија со своја програма оригинално спакувана за МОНДО.

Во четвртокот меѓу дванаесетте музички артисти кои и се претставија на светската јавност беа и „Фанк шуи“ со извонредно шоу спакувано и емитувано од Водно, со симболична аналогија од светлината на градот кон светлината на центарот на светот. Во првата можна прилика, момците ќе допатуваат на МОНДО како гости, а до тогаш од Водно порачуваат – „Њујорк, ние доаѓаме“.

Ова е уште едно концертно појавување на „Фанк шуи“ по низата настапи низ Балканот ова лето, а веќе на 29 октомври ќе настапат во своето Скопје, во Младинскиот Културен Центар.

Во изминатите две години „Фанк шуи“ ги свртеа очите на балканската јавност кон себе, а сѐ поголема е и нивната фан база која не заобиколи ниедна држава од регионот. Медиумскиот интерес околу „Фанк шуи“ само ја потврдува нивната уникатност и допадливост, карактер кој ненаметливо а со силен бран, го спојува и неспоивото во регионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот