ВИДЕО | Еди Рама објавува снимки од пациенти со ковид-19: Да бев вакциниран ќе си бев дома

ковид албанија болница
Пациенти болни од ковид-19 во Албанија / Фото: Скриншот Фејсбук видео Еди Рама

Албанскиот премиер Еди Рама на социјалната мрежа Фејсбук објави видео со стории на пациенти хоспитализирани во Инфективната болница, пренесува Индекс онлајн.

Премиерот Рама ги повикува граѓаните да се вакцинираат против ковид, а осврнувајќи се на изјавите на хоспитализираните Рама вели дека состојбата во која се наоѓаат е последица од одлуката да не се вакцинираат.

-Во моето семејство сите се вакцинирани, освен јас, а тоа беше мој избор и тој погрешен избор ме доведе тука каде што сум. Сите млади луѓе, без исклучок, треба да се вакцинираат, вели еден пациент примен на Инфективната болница.

-На сите ви велам да се вакцинирате оти ќе завршите вака како мене, вели пациент боленод ковид-19.

Друг пациент ги повикува граѓаните:

-Ги повикувам младите од сите возрасти, дека и јас сум помлад од 45 години, да се вакцинираат час поскоро. Да бевме вакцинирани, ќе си бевме дома, вели тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот