ВИДЕО: „Еден во два“, Џеко и Мартинез за пресврт во Реџо Емилија

„Нераѕурите“ со пресврт ја забележаа петтата победа во италијанската Серија А/Реџо Емилија, Италија/2 октовмри 2021/Фото: EPA-EFE/SERENA CAMPANINI

Се одигра и последниот натпревар од саботната програма на седмото коло во италијанската Серија А, Интер на гости со 1:2 славеше кај Сасуоло.

На стадионот во Реџо Емилија водеше домаќинот со голот на Берарди кој беше прецизен од пенал во 22 минута од средбата.

„Нераѕурите“ не дозволија изненадување и направија целосен пресврт во текот на вториот дел.

Најпрвин израмни босанскиот интернационалец Џеко од белата точка во 58 минута, а конечниот епилог го постави Мартинез во 78 минута.

Интер останува без пораз во шампионатот и после петтиот триумф сезонава се наоѓа на второто место со 17 бодови, еден помалку зад Наполи на Елиф Елмас кои својот меч ќе го имаат в недела на гости кај Фиорентина. Сасуоло го претрпе и четвртиот пораз за моментно 13 позиција со седум бодови.

ВИДЕО: Локатели ги враќа насмевките на „Старата дама“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот