ВИДЕО: Еден од трите леопарди кои избегаа од зоолошката градина во Кина сè уште е на слобода

Властите во источна Кина сè уште трагаат по еден од тројцата леопарди кои избегаа од паркот сафари, соопштија денес локалните власти, додека паркот се соочува со критики бидејќи скоро една недела криел дека животните избегале.

Локалните жители на 1 мај забележаа дека три леопарди избегале од паркот сафари во Хангжу, објави државниот весник „Глобал тајмс“, но паркот дури во саботата ја предупреди јавноста дека животните исчезнале.

Два леопарди се веќе фатени и се здрави, соопштија официјалните лица.

Нејасно е како леопардите успеале да избегаат.

Потрагата по третото бегство животно започна синоќа со помош на беспилотни летала и ловџиски кучиња, се наведува во соопштението на локалната влада на Хангжу на официјална сметка на социјалната мрежа Виче.

Леопардот бил снимен со беспилотно летало вчераутро, но побегнал кога луѓето се обиделе да му пријдат, според Глобал тајмс.

Сафари паркот претрпе критики затоа што информации за бегство на животни не објави веднаш, со што се загрозија човечки животи, особено што леопардите шетаа цело време за време на петдневните празници кога градот беше полн со туристи.

Хангжу е една од најпопуларните туристички дестинации во Кина, позната по своите насади со чај и живописното езеро.

Сафари паркот е привремено затворен додека се разгледува прашањето за неговата безбедност и управување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот