ВИДЕО: Еден е тешко повреден а петмина се уапсени по масовна тепачка во Подуево

Како резултат на физичкиот напад, една од трите жртви се здобила со телесни повреди и истата била испратена во клиничкиот центар.

Случајот го објави косовската полиција во својот дневен извештај. Според КП, пет лица биле придружени во полиција, додека три од нив биле приведени.

„Петмина косовски осомничени мажи биле придружувани во полициската станица, откако физички ги нападнале двете машки жртви од Косово. Една од жртвите е повредена и е испратена во клиничкиот центар на лекување. На местото на настанот бил одземен нож. Со одлука на обвинителот, тројцата осомничени беа испратени во притвор, додека другите двајца беа ослободени во редовна постапка“, соопшти косовската полиција.

Според косовските медиуми станува збор за ученици од гимназијата „Александар Џувани“. Инцидентот започнал со пцуење и туркање, а завршил со ножеви при што се повредни тројца тинејџери.

Извори:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот