ВИДЕО: Eден час за Миовски во ремито на Виљареал и Жирона
Фудбалерите на Виљареал и Жирона ги поделија бодовите во денешниот натпревар од Ла Лига одигрувајќи 2:2.
Виљареал имаше предност од 2:0, но Жирона успеа да се врати и да дојде до бод. Домаќините го отворија резултатот во 23 минута со голот на Бери. За 2:0 на самиот старт од вториот дел се погрижи Баена.
Надежта на Жирона се врати со погодокот на Дони Ван Де Бек во 66. минута. Вистинска драма донесе завршницата од средбата.
Кристијан Стуани во 90. минута ја погоди мрежата на Виљареал, меѓутоа неговиот гол се поништи по реакција на ВАР. Бодот на Жирона го донесе Крејчи со гол во 97. минута.
За Жирона ова беше прво реми по серијата три победи во најсилното шпанско првенство. Бојан Миовски на теренот помина еден час, но по двата гола и асистенцијата во минатото коло денеска не направи речиси ништо.
Ladislav Krejčí scores with his great left foot
Villarreal 2-2 Gironapic.twitter.com/x8aMyYAQ2k
— Goals Xtra (@GoalsXtra) December 1, 2024