ВИДЕО | Половина час за Елмас, петта победа во низа за Наполи

Фото: EPA-EFE/FABIO FAGIOLINI

Наполи и денес продолжи сигурно да чекори кон Скудетото во Серија А, Специја беше победена со 3:0 за петта победа во низа.

Пред вечерашното дерби помеѓу Интер и Милан, Наполи на лидерската позиција има предност од цели 16 бодови. Наполитанците имаат 56 бодови, Интер со натпревар помалку и Рома имаат по 40. Потоа следат Лацио, Милан и Аталанта со 38 бодови во битката за топ четири.

Осимен денес беше стрелец на два гола, а еден беше дело на Кварацхелија кој запиша и асистенција. Токму Грузиецот го отвори резултатот со гол од пенал по две минути игра во второто полувреме. Осимен двата гола ги постигна во четири минути, првиот во 69-тата, а вториот во 73-тата.

Елиф Елмас на теренот на помина половина час кога влезе на местото на Полјакот Пјотр Зиелински.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот