ВИДЕО | Ѕвездата на „Брилијантин“ Оливија Њутн-Џон отворено зборува за ракот на дојка: „Секој ден ми е подарок“

Оливија Њутн Џон
EPA-EFE/DANIEL POCKETT AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Актерката Оливија Њутн-Џон се бори со рак на дојка во четврта фаза.

Во емисијата „Today“ отворено раскажа како се чувствува и зборува за своето здравје. Со водителката Хода Котб веднаш имаа заедничка емотивна појдовна точка – и двете се бореле во извесен период од своите животи со оваа болест.

„Има денови кога сум добро, има денови со многу болка – изјави Оливија и додаде дека „низ патувањето со ракот наидува на различни изненадувања и пресврти“.

За да ја ублажи болката предизвикана од тешката болест Оливија призна дека користи канабис кој го одгледува нејзиниот сопруг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Olivia Newton-John (@therealonj)


На Оливија Њутн-Џон и беше дијагностициран рак на дојка во 1992 година. Таа закрепна по хемотерапија и операција, но болеста се врати во 2013 година, а потоа и во ноември 2018 година.

„Имав среќа што сè уште сум жива… Кога ќе ти дијагностицираат рак или ќе ти дадат лоша дијагноза, обично ти даваат одреден период, ти кажуваат колку ти останало. Ако некој ти каже дека имаш уште неколку месеци живот, веројатно ќе ги живеете како да ви се последни. Не сакам да ја знам статистиката, не сум дел од статистиката“, изјавила еднаш Оливија за странските медиуми.

Популарната ѕвезда на култниот филм „Брилијантин“ првпат беше дијагностицирана со рак пред 30 години. Успешно се избори, но болеста се повторуваше во неколку наврати. За себе таа вели дека е „човек со многу среќа, секој ден ми е подарок“

Видео на денот