ВИДЕО: Ѕвездата на Баерн, Гнабри не може да го заборави поразот во Дуизбург

Серж Гнабри во дуел со македонскиот голман Столе Димитриевски/Дуизбург, Германија/31 март 2021/Фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Денеска од 20.45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје најдобрата македонска репрезентација ќе се соочи со Германија, по вторпат во квалификациите за пласман на Светското првенство.

Нашите најдобри фудбалери ќе се обидат повторно да го изненадат фаворитот, а тоа им успеа на првиот меѓусебен дуел годинава на 31 март кога во Дуизбург приредивме сензација триумфирајќи со 1:2.

Оттогаш многу нешта се променија, Германците и покрај тој пораз се наоѓаат блиску до пласман на Мундијалот, а токму мечот во Скопје може да им донесе „билет“ за учество во Катар 2022.

Имаат и нов селектор Ханси Флик кој успешно досега ги води, а по заминувањето на Игор Ангеловски по Евро 2020, за негов наследник беше избран Благоја Милевски кој пред себе има задача да скрои состав кој ќе биде подготвен и за квалификациите за следното ЕП 2024.

Една од ѕвездите во редовите на германската селекција и воедно играч на Баерн Минхен, Серж Гнабри не може да го заборави поразот во Дуизбург, но и покрај тоа дојдени се во Скопје со една цел.

– Се разбира, поразот во Дуизбург и натаму боли, иритира. Но, и покрај тоа, ова е само уште еден натпревар во кој сакаме да победиме и го обезбедиме настапот на Светското првенство. Имаме квалитет да го направиме тоа, од друга страна и натаму имаме простор да напредуваме. Секогаш има нешто на кое треба да се работи, иако морам да кажам дека имавме доста добри моменти на дуелот со Романија – вели Гнабри.

Милевски: Против Германија пред сè тактички мора да бидеме на врвно ниво

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот