ВИДЕО | Ѕирнете во уникатниот стан на Мерилин Монро кој се продава за 3 милиони долари

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Поранешниот дом на Мерилин Монро и Артур Милер во близина на Сатон Плејс се продава за 3,05 милиони долари, што е забележителен пад од неговата првична барана цена од 3,75 милиони долари.

Монро се мажела три пати, а нејзиниот последен и најдолг брак, кој траел пет години, бил со Милер. За тоа време, парот живеел во зграда од 1927 година која имала 14 ката. Површината на станот е 203 м2 и нуди прекрасен поглед на Ист Ривер. Во него има трпезарија и камин.

Станува збор за престижна адреса, пишуваат странските медиуми. „Њујорк пост“ напоменува дека дизајнерот Бил Блас некогаш живеел во пентхаусот на зградата, како и дека други значајни жители на зградата биле членови на кралското семејство како што е шведската принцеза Медлин.

Како изгледаат становите во зградата?

Самиот стан е еден од двата на катот. На листата е Браун Харис Стивенс, чиј список содржи повеќе детали за многуте удобности на резиденцијата:

„Има големо влезно фоаје кое води до голема дневна соба со камин на дрва. Пред влезното фоаје се наоѓа тоалет со вградени елементи. Пространата и современа трпезарија лесно може да прими 10 луѓе и е совршена за забава. Третата спална соба, во моментот библиотека, има камин на дрва, ормани по мерка и лизгачки врати. Големата, извонредна и реновирана кујна со средишен остров е украсена со мермерни пултови, со мноштво бели ормани по мерка, врвни апарати, вклучително и плоча за готвење, плус две фурни Dacor и две Miele машини за миење садови“.

Уникатна во сѐ

Кога Мерилин Монро и Артур Милер живееле на таа адреса, легендарната актерка го украсила нивниот дом во свој уникатен стил. Според OtSoNY.com, станот на Мерилин имал „бели ѕидови и огледала од подот до таванот во дневната соба, откако ги споила двете соби. Софата, фотелјите и мебелот беа бели, како и пијаното.

Мерилин Монро и Артур Милер/Фото: Профимедиа

Милер ја закачил нејзината слика, направена од Џек Кардиф во Англија, во својата работна соба. Иако рекол дека тоа му била омилена слика со Мерилин, тој се откажал од неа кога го напушти станот.

„Њујорк пост“ известува дека погодностите на зградата „вклучуваат вратар, оператор на лифт, управител и складиште за велосипеди, но и фасцинантна историја од 20 век“.

Дали Мерилин Монро била убиена од ЦИА зашто „знаела премногу“?

Факти за Мерилин Монро кои можеби не сте ги знаеле

Дали Мерилин Монро била убиена од ЦИА зашто „знаела премногу“?

Видео на денот