ВИДЕО | Џонсон: Целосна вакцинација ќе подразбира и трета доза

Борис Џонсон со заштитна маска / Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI / POOL

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека дефиницијата за целосно вакцинирани ќе треба да се прилагоди за да се земе предвид третата доза од вакцината против ковид-19, иако не ја прецизираше временската рамка до кога тоа ќе треба да се направи.

Британските медиуми пренесуваат дека во моментов се смета дека едно лице е целосно вакцинирано доколку примило две дози од вакцината против ковид-19.

Секое лице над 40-годишна возраст сега има право на трета доза од вакцината, но шест месеци по примањето на втората доза.

– Многу е јасно дека вакцинацијата со три дози, вакцинацијата со третата доза, ќе стане важен факт и дека ќе ви го олесни животот на различни начини, рече Џонсон на прес-конференцијата.

Тој изјави дека е потребно приспособување на концептот на тоа што претставува целосна вакцинација и додаде дека тоа станува се поочигледно.

Извор: МИА

Видео на денот