ВИДЕО: Џерард ќе навива за Ливерпул, го прогнозира точниот резултат во финалето на ЛШ

Секако една од најголемите клупски легенди на „Енфилд“ Стивен Џерард (41) в сабота ќе навива за Ливерпул во финалето на Лигата на шампионите.
Потсетување дека дуелот помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид ќе се игра на стадионот во Париз со почеток од 21.00 часот. Овој меч ќе го суди Французинот Клеман Турпен.
Во својата кариера како професионален фудбалер Џерард (менаџер на Астон Вила) ги постигна најголемите успеси токму во дресот на Ливерпул.
Покрај бројните индивидуални признанија, со Ливерпул по еднаш ги освои Лигата на шампионите, тогашниот Куп на УЕФА (сега Лига Европа), УЕФА Суперкупот и ФА Комјунити Шилд, двапати ФА купот, а трипати Лига купот.
– Можете да ја почувствувате атмосферата. Би сакал на сите во Ливерпул да им посакам многу среќа и се надевам дека ќе го добијат исходот што сите го посакуваат. Возбуден сум за натпреварот, навивачите убаво се собираат надвор од стадионот. Се надевам дека ќе биде фантастичен натпревар и предвидувам победа на Ливерпул од 2:0 – вели Џерард во својата видео порака од Париз.
A message from one of our European Cup winning captains 🏆🤩 pic.twitter.com/wUphNI1eDg
— Liverpool FC (@LFC) May 27, 2022
Фудбалер на Реал ја менува сопругата за трофејот во ЛШ, веднаш доби одговор