ВИДЕО: Џенова „не го виде“ голот на Јувентус, Старата дама моќно до трите бода

Јувентус ја оправда фаворитската улога дома против Џенова/Торино, Италија/5 декември 2021/Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Јувентус вечерва пред своите навивачи доминираше против Џенова и триумфираше со резултат 2:0 во рамките од 16. коло во италијанската Серија А.

Доказ дека „Старата дама“ беше моќна во дуелот против составот на Андриј Шевченко е и податокот кој вели дека гостите немаа ниту еден удар кон голот на Војциех Шчесни.

Домаќините дојдоа во предност уште во деветтата минута кога директно од корнер стрелаше Колумбиецот Хуан Квадрадо.

Македонскиот напаѓач Горан Пандев влезе во игра од 58 минута кога го замени Флавио Бјанки. Нашиот играч неколку пати ги пронаоѓаше своите тимски колеги на работ од шеснаесетникот, но тие не се снаоѓаа најдобри и дури не можеа да упатат ниту удар.

Јуве едноставно беше пресилен, со висок посед на топката (70%), играчите на Шева не можеа да поврзат повеќе од три-четири подавања. Во 82 минута убава акција на Јувентус, Бернардески правовремено го пронајде Дибала кој со силен и прецизен удар со левата нога ја затресе мрежата на Салваторе Сиригу.

Јуве и натаму е далеку зад водечките кои водат битка за Скудетото, моментно е на петтата позиција со 27 бодови, лидер е Милан со 38, пред Интер (37), Наполи (36) и Аталанта (34).

Џенова и оваа сезона ќе се бори за опстанок, се наоѓа во опасната зона за испаѓање на 18 место со 10 бодови. Се одиграа уште четири средби од лигашката рунда: Болоња – Фиорентина 2:3, Специја – Сасуоло 2:2, Венеција – Верона 3:4 и Сампдорија – Лацио 1:3.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот