ВИДЕО | Џенифер Лопез: Беше страшно, ќе загинев на снимањето на новиот филм

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Актерката и пејачка Џенифер Лопез гостувала во интервјуто за „Базфид“, а со неа биле и нејзините колеги од филмот „Shotgun Wedding“, Џош Духамел и Џенифер Кулиџ.

На прашањето кој најверојатно би можел да изведе вратоломии од првиот обид на снимањето, Лопез рекла дека таа и Духамел станале многу добри во опасните сцени во текот на снимањето, а потоа раскажала како за малку ќе загинела снимајќи една сцена.

„Освен еднаш кога за малку ќе паднев од карпа. Тоа не беше забавно“, започнала Лопез, изненадувајќи ја Кулиџ, која ја прашала дали е вистина.

„Да, вистина е. Ја знаете сцената кога мојот фустан се фаќа за тркалото? Еднаш се закачи за воланот и ме повлече преку, погледнав во Џош и му реков: ‘Џош, не ме пушај, те молам’. Тој на тоа рече: ‘Те држам. Ако ти отидеш, сите ќе одиме’“, раскажала актерката и додала дека тој момент бил премногу страшен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)


Лопез во моментот го снима новиот филм „The Mother“ во Лос Анџелес. Филмот е во режија на Ники Каро, која претходно го режираше познатиот филм „Whale Rider“ од 2002 година и „Mulan“ на „Дизни“ од 2020 година. Во филмот, Лопез ја има улогата на поранешен убиец кој сака да го остави своето минато зад себе. Меѓутоа, повторно се враќа на работа за да ја заштити својата отуѓена ќерка.

Џенифер Лопез со видео и досега невидени свадбени фотографии ја испрати 2022 година

„Ова сум јас… сега“: Лопез ги избриша сите фотографии на Инстаграм, а потоа му посвети песна на Бен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот