ВИДЕО: Џеко режираше пресврт за Интер во Фиренца

Интер постигна три гола во второто полувреме за пресврт против Фиорентина/Фиренца, Италија, 21 септември 2021 година/ фото: EPA-EFE/CLAUDIO GIOVANNINI

Актуелниот шампион Интер славеше на гостувањето во Фиренца против Фиорентина со 3:1 во петтото коло во Серија А.
„Виолетовите“ кои беа во серија од три победи по ред, поведоа во 23 минута со голот на Сотил и со минимално водство на домаќинот заврши првиот дел.

Но, во второто полувреме Интер покажа шампионски карактер со кој дојде до пресврт и до нови три бода. Во 52. минута Дармијан го израмни резултатот, а само три минути подоцна Един Џеко носи водство. Конечниот резултат го постави Иван Перишиќ во самиот финиш на натпреварот.

Со триумфот Интер се искачи на првото место на табелата со 13 бодови, еден повеќе од Наполи кој има натпревар помалку, додека Фиорентина падна на шестото место со девет бода.

Аталанта со 2:1 го совлада Сасуоло и се искачи на третото место на табелата.
Госенс и Запакоста и донесоа водство на Аталанта од 2:0 за Доменико Берарди во 44 минута да го постави конечниот резултат, 2:1 за домашниот тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот