ВИДЕО | „Двојниот орел“ продаден за рекордни 18 милиони долари

Една ретка паричка, вредна меѓу колекционерите, денес беше продадена за 18,87 милиони долари на аукцијата на куќата „Сотебис“ во Њујорк, што е рекорд за предмети од ваков вид.

Еден примерок од последната серија американски златници, наречен „Двоен орел“ кована од американската кованица во 1933 година, стана најскапата монета во светот, пред сребрениот долар „Лелеа коса“ од 1794 година, продаден во 2013 година за 10 милиони долари.

Монетата, со номинална вредност од 20 американски долари, дело на американскиот скулптор Август Сен-Гауденс, од едната страна има жена-симбол на слободата, а од друга страна орел во лет.

Скапоцената позлатена метална паричка беше купена во 1995 година од британски колекционер, кој по пет години правна битка, во 2002 година му беше дозволено законски да го препродаде на претходниот сопственик, американскиот дизајнер на чевли Стјуарт Вајзман, за 7,9 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот