ВИДЕО | Двејн Џонсон ги купил сите чоколади во една продавница за да ги „поправи грешките од младоста“

Profimedia
Фото: Профимедиа

Американскиот актер и професионален борач Двејн Џонсон влегол во продавница на Хаваи и ги купил сите чоколатца на познат производител, а тоа го направил од посебна причина.

Џонсон донел неколку стотици чоколади на касата и на тој начин му „подарил“ многу работа на продавачот. Причината за купувањето на чоколадите не е тоа што сакал да ги јаде, туку што овој потег го направил за да ги „поправи грешките од младоста“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dwayne Johnson (@therock)

Актерот како тинејџер живеел на Хаваи и како 14-годишник секој ден крадел чоколади пред да оди во теретана и ги јадел пред да вежба. Неговото семејство било многу сиромашно, па немал пари ни за чоколатце.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dwayne Johnson (@therock)

„Конечно го истерав овој чоколаден демон кој ме јаде со децении. Не можеме да го промениме минатото и не можеме да промениме некои од глупавите работи што сме ги правеле, но понекогаш можеме да направиме нешто за да ги надоместиме ги тие ситуации, а можеби и насмевка на лицата на непознати лица“, напишал Џонсон на Инстаграм, а освен чоколади, актерот им ги платил и сметките на сите присутни муштерии во продавницата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот