ВИДЕО: Две села во Сибир евакуирани поради големите шумски пожари

Фото: EPA-EFE/MINISTRY OF NATURE PROTECTION OF YAKUTIA HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Руските власти започнаа евакуација на две села во регионот на Сибир каде денеска се разгореа 155 шумски пожари.

Десетина села во руската република Јакутија на североистокот од Сибир се загрозени од пожарите, соопштија регионалните власти за вонредни ситуации.

Локалните власти ги евакуираат жителите на селата Калвица и Кајалах во други населени места, додека 3.600 пожарникари гаснат околу половина од пожарите.

Во саботата изгореа 31 куќа и осум објекти во селото Бјас – Куел, а околу 400 жители се евакуирани, изјавија локалните власти.

Гувернерот на Јакутија Ајсен Николаев им нареди на официјалните власти да ги исчистат патиштата околу загрозените населби од изгорените и паднатите дрвја.

Во Русија во последните години се забележани рекордно високи температури за кои многу научнции сметаат дека се резултат на климатските промени.

Големите горештини и непочитувањето на правилата за заштита се причина за се поголем број пожари.

Извор: Бета

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот