ВИДЕО: Две од децата кои албанските власти ги вратија од Сирија се на Лавдрим Мухаџери, тврди албанска новинарка

Новинарката Фатјона Мејдини во емисијата „Опинион“ која се емитува на албанската Клан телевизија изнесе тврдење дека двете мали деца родени во Сирија кои се вратија во Албанија со својата мајка Флореша Раша, се деца на Лавдрим Мухаџери.

Таа покажа рачно напишан список со имиња на кој пишува дека двете деца на Флореша се всушност деца на озлогласениот терорист на ИСИС, со потекло од Косово кој беше убиен во 2017 година во Сирија. 

„Флореша Раша замина на 16 јануари 2013 година со нејзиниот сопруг и малолетниот син преку Истанбул. Во 2014 година, Дијамант Раша беше погубен од снајперист, додека по неговата смрт, дури и според интервјуто со таткото на Дијамант, таа според шеријатските закони се омажи со Лавдрим Мухаџери во логорот Ал-Хол. Од оваа врска се родија другите две деца “ рече новинарката.

Новинарката Мејдини остана упорна во своите тврдења иако остро и се спротивстави шефот на одделението за антитероризам во државната полиција Гледис Нано. Тој рече дека само едно од децата му припаѓа на Мухаџери, односно на човекот кој важеше за командант на Албанците на ИСИС.

За време на жолчната дискусија стана збор и за заштитата на идентитетите на децата, за што новинарката го обвини директорот на антитероризам дека дозволиле децата да бидат снимени и објавени нивните идентитети.

Нано објасни дека властите работат на реинтеграција на малолетните деца.

 

Рама во Бејрут за реадмисијата на четири деца и жена од кампот Ал Хол во Сирија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот