ВИДЕО: Двајца мажи фатени како го фрлаат телото на роднина починат од ковид-19 во река во Индија

Фото: Принтскрин

Двајца мажи се фатени на снимка како во река во Индија фрлаат тело од член на фамилијата, кој починал од коронавирус.

Сањај и Маној Кумар се обвинети откако сведок ги снимил додека тие го фрлале телото во регионот Котвал во Балрампур

На снимката се гледа како мажите, од кои еден носи заштитна опрема, стојат на мост и се подготвуваат да го фрлат починатиот роднина во реката Рапти, пренесува Њујорк пост.

Полицијата открила дека починатиот маж се вика Премнат, но не објасни како е поврзан со лицата од снимката.

Премнат бил примен во болница со коронавирус на 25 мај. Починал само четири дена подоцна, во саботата, на 29 мај, пренесе Индиа Тудеј.

Властите истакнале дека неговото тело е дадено на фамилијата за да го кремираат, но наместо тоа, тие го фрлиле во река.

До инцидентот дошло само две недели откако повеќе од 70 тела беа пронајдени во реката Ганг, а властите се сомневаат дека сите се жртви на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот