ВИДЕО: Двајца новинари правеа драма од ураганот Ида, случајни минувачи покажаа дека не е толку страшно

Њу Орлеанс/ Фото: Twitter/Screenshot

Ураганот Ида од вчера беснее на американското јужно крајбрежје, погодувајќи го брегот на сојузната држава Луизијана и се заканува да биде исти или за нијанса послаб од разорниот ураган Катрина кој во 2005 година го погоди Њу Орлеанс и предизвика масовни штети и евакуација на населението од популарниот град.

На местото на ударот на Ида се бројни новинарски екипи, кои известуваат за последиците од страотното невреме.

Една снимка од Њу Орлеанс стана хит на социјалните мрежа, на која се гледа како двајца репортери известуваат од улица, позирајќи облечени од глава до пети, за да ја покажат сета драматичност на природната појава.

И додека тие двајца под ударот на ветерот и дождот и објаснуваат на публиката каква е ситуацијата на теренот во Њу Орлеанс, двајца минувачки пред нивната камера поминаа слабо облечени и како ништо да не се случува околу нив.

Погледнете ја снимката која го улови интересот на социјалните мрежи.

Од друга страна, невремето предизвикано од ураганот Ида е сериозна закана за кревката американска држава која се соочува со нов бран на пандемија и сега мора да се бори со стихијата поради која илјадници граѓани веќе останаа без струја и мораше да се евакуираат од своите домови и да побараат безбедно прибежиште.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот