ВИДЕО | Двајца мртви во масовните протести во Судан

Протести во Судан
Протестите во Судан/ Фото Архива на СП

Две лица се убиени откако демонстрантите се собраа во главниот град на Судан, Картум за да протестираат против воениот удар на 25 октомври минатата година, соопштија денеска активистите.

Според агенцијата АП, суданските безбедносни сили употребиле солзавец за да ги растераат илјадниците насобрани демонстранти кои маршираа на главната улица во Картум во правец кон претседателската палата.

Суданските власти соопштија дека загинале висок офицер и еден демонстрант, а полицијата прецизирала дека високиот офицер бил убиен додека ги смирувал демонстрантите во близина на претседателската палата. Во полициското соопштение не се наведува дека е убиен полковникот Али Хамад, но локалните медиуми објавија дека тој бил избоден до смрт додека безбедносните сили ги растерувале демонстрантите.

Еден демонстрант беше застрелан и убиен во областа Бахри во Картум, додека десетици луѓе беа повредени кога безбедносните сили интервенираа со солзавци за да ги разбијат протестите, наведува Суданскиот комитет на лекари.

Според видеата кои кружат на интернет, демонстрантите, главно млади луѓе, марширале на различни локации во градовите Картум и Омдурман.

Протести имаше и во западниот судански регион Дарфур.

Демонстрантите бараа смена на генералот на Владата и формирање нова цивилна влада што ќе доведе до транзиција кон демократско владеење.

Во речиси секојдневните протести по воениот удар загинаа повеќе 60 луѓе, а стотици беа повредени.

Обединетите нации постојано ги повикуваат властите да престанат со насилното задушување на протестите и побараа одговорност за убиствата.

Претходно оваа недела, мисијата на Обединетите нации во Судан започна одвоени консултации со страните во конфликтот во обид да го премости растечкиот јаз меѓу војската и продемократското движење.

Видео на денот