ВИДЕО: Двајца бугарски пилоти загинаа во падот на воениот авион

Загинаа двајцата пилоти од бугарскиот воен авион/Фото: Скриншот/БНТ

Двајцата пилоти на воениот авион L-39 ZA што се урна во Граф Игнатиево загинаа. Ова на брифинг пред базата кај Пловдив го соопштија бугарскиот премиер Димитар Главчев и вршителот на должноста министер за одбрана Атанас Запријанов.

Двајцата војници – инструктори од 12-та база кои обучуваат пилоти имале големо искуство. Тие полетале во 12 часот и 17 минути, во 12 часот и 30 минути се урнале и загинале.

Министерот Запријанов најави дека авионот бил проверен пред летот. Извршен е ремонт врз авионот, рече тој.

Известени се роднините на починатите. Министерот Запријанов рече дека во базата е военото обвинителство и не може да даде повеќе информации додека не заврши истрагата.

Командантот на воздухопловните сили генерал-мајор Димитар Петров најави дека пилотите до денеска многупати ја извршувале задачата.

„Загинатите се мајорот Петко Димитров и постариот поручник Венцислав Данкин. Одлични пилоти со одлична обука“, рече Димитров.

Авио шоуто планирано за сабота во Третата воздушна база „Граф Игнатиево“ е откажано.

Атанас Запријанов го прогласи утрешниот ден за ден на жалост на вооружените сили во спомен на двајцата загинати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот