ВИДЕО: „Два во еден“, Валенсија со пресврт на Местаља!

epa08667154 Levante's Sergio Leon (R) in action against Valencia's Gabriel Paulista (C) during the Spanish La Liga soccer match between Valencia CF and Levante UD at Mestalla Stadium in Valencia, Spain, 13 September 2020. EPA-EFE/Juan Carlos Cardenas

Вечерва во првиот натпревар од 26 коло во најсилното шпанско првенство екипата на Валенсија со резултат 2:1 славеше над Виљареал.

После првото полувреме водеа гостите на стадионот „Местаља“ со голот на Морено кој беше прецизен од пенал.

Пресвртот се случи во вториот дел, потоно во финишот од средбата. Од белата точка во 86 минута израмни Солер, а во судиското надополнување (90+1`) триумфот го донесе Гедеш после асистенцијата на Олива.

На табелата Виљареал е на седмата позиција со 37 бодови, а на 11 место е Валенсија со 30. На 12 март во наредното коло Валенсија ќе ги одмери силите на гости против Леванте на македонскиот репрезентативец Енис Барди.

В сабота ќе се одиграат нови мечеви од рундата во „Ла Лига“: Ваљадолид-Хетафе (14.00), Елче-Севиља (16.15), Кадиз-Еибар (18.30) и Осасуна-Барселона (21.00).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот