15 C
Скопје

ВИДЕО: „Два во еден“, нереален пресврт на Каљари против Парма!

Со головите на Переиро (90+1`) и на Чери (90+5`) во финишот, Каљари ја совлада Парма со 4:3 (1:2) во дербито за опстанок во Серија А и ги задржа надежите дека оваа година ќе можат да останат во најсилното италијанско натпреварување.

Парма одлично го отвори натпреварот. Пецела беше прецизен уште во петтата минута за водство од 0:1, а Кучка во 31 минута ја зголеми предноста. Неизвесноста на мечот со погодок во 39 минута ја враќа Паволети после асистенцијата на Карбони.

„Млекарите“ се повлекоа во второто полувреме, му ја препуштија средината на теренот на тимот од Сардинија и чекаа шанса од контра. Тие ја пречекаа преку Ман, кој повторно ги одведе на два разлика во 59 минута, додека Марин намали на 3:2 седум минути подоцна.

Каљари тргна на сè или ништо со цел да го избегне поразот. Тоа и се случи во судиското надополнување во кое не само што успеа да израмни, туку и да направи целосен пресврт.

Каљари сега има 25 бодови на 18 место, два помалку, но и два меча повеќе од Торино, кој е на 17 место, односно во безбедната зона, а Парма е претпоследна со 20 бодови..

ВИДЕО: Несторовски со асистенција, Удинезе им се врати на победите

Поврзани вести

Тухел: Заслуживме да победиме и да играме во финалето

Слободен печат

По осми пат екипи од иста држава ќе играат во финалето на ЛШ

Слободен печат

ВИДЕО: Англиско финале во ЛШ, Челси си закажа дуел за трофејот со Манчестер сити

Слободен печат

Финалето во ЛШ ќе се игра пред 25.000 гледачи?

Слободен печат

УЕФА подготвува казни за одметниците:  Две години без ЛШ за екипите кои нема да ја напуштат Суперлигата

Слободен печат

Солскјер ја смирува тензијата: Сопствениците лично ми се извинија

Слободен печат

Остави Коментар