ВИДЕО: „Два во еден“ на Олимпико, шампионот на колена во Рим

Прв пораз на Интер сезонава во Серија А/Рим, Италија/16 октомври 2021/Фото: EPA-EFE/CLAUDIO PERI

Фудбалерите на Лацио го победија Интер со 3:1 (0:1) во дерби натпреварот од осмото коло во италијанската Серија А.

„Нераѕурите“ поведоа во 12 минута со голот на Перишиќ од пенал. Претходно, Хисај имаше контакт со Барела во шеснаесетникот на Лацио, што беше доволно судијата Масимилијано Ирати да покаже на белата точка. До крајот на првиот дел, немаше промена на резултатот.

Во второто полувреме беше досуден пенал за Лацио, кој го претвори Имобиле во гол во 64 минута на стадионот „Олимпико“ во Рим.

Патрик после корнер со глава ја зафати топката, која потоа ја погоди раката на Бастони, што беше потврдено и од ВАР собата.

Во 81 минута Лацио дојде во предност преку Фелипе Андерсон. Претходно, Димарко остана да лежи на тревата, играчите на Лацио ја продолжија акцијата, Имобиле шутираше, Хандановиќ одбрани, а Фелипе Андерсон го искористи одбивањето и ја испрати топката во мрежата.

Во првата минута од судиското надополнување во второто полувреме, Лацио имаше слободен удар од десната страна, Фелипе Андерсон имаше одличен центаршут, а Сергеј Милинковиќ Савиќ беше највисок во скокот и го постави конечниот епилог.

Ова е прв пораз на Интер сезонава, додека Лацио стигна до четвртиот триумф. Претходно Специја со 2:1 пред своите навивачи ја совлада Салернитана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот