ВИДЕО | Два пара близнаци загинаа во пожар во Лондон, нивната мајка ги оставила сами дома

Фото: Скриншот, Јутјуб

Два пара близнаци, на тригодишна и на четиригодишна возраст, загинаа во пожар во куќа во Лондон, откако нивните родители ги оставиле сами дома, без надзор.

Полицијата уапсила 27-годишна жена под сомнение за небрежност и таа сега е во притвор, пишува Си-Ен-Ен.

Во четвртокот вечерта, пожарникарите ги извлекле дечињата од куќата и на лице место им укажале прва помош. Во куќата, освен децата, не нашле никој. Децата биле пренесени во болница каде била констатирана смрт.

Противпожарната екипа била повикана на местото во 18 часот и 55 минути по локално време, а пожарот бил ставен под контрола до 20 часот и 36 минути. Причината за несреќата се истражува.

– Пожарникарите бргу пристигнаа на местото на настанот и ги лоцираа децата. Ги извлековме од куќата и им пруживме итна медицинска помош, изјави началникот на противпожарната служба, Енди Ро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот